60 години од унгарското востание против комунизмот и советските тенкови

од Vladimir Zorba
98 прегледи

На 23 октомври 1956 година Унгарците почнаа сенародно востание против комунизмот и советската окупација, што по обем ќе остане без аналоген пример во социјалистичкиот камп.

1477208263-uu2

На овој датум во 15 часа под прекрасниот мост “Ержебет” пред споменикот на Шандор Петефи се собраа студентите и нивните професори со 16 барања за реформи, издигнати беа слогани “Ruszkik, haza!” / “Русите, одете си дома!” /. Срп и чеканот се отсечени од националното знаме.

Младите тргнаа кон споменикот на Бем – национален херој од полско потекло, кој борел на страната на Унгарија во револуцијата 1848-49г. Тогаш се собраат околу 300 илјади души- студенти, професори, работници и војници. Протестантите тргнаа кон парламентот.

Тие сака отстранување на црвената ѕвезда од зградата на единствен парламент и влада на чело со рефоматорот Имре Наџь. Голема група студенти упаднаа во Националното радио, откако одбија да им се прочита декларацијата.

Доаѓа до судир со силите на редот, паѓаат првите убиени. Така беше запалена земјата- луѓето масовно напаѓаа воени магацини и заземаа полициски станици и се вооружуваа Војници преминуваат на страната на востанниците.

На 24 октомври во Будимпешта влегоа 290 советски тенкови, 120 оклопни транспортери и 6.000 советски војници. Беа пречекани со коктели “Молотов” и дожд од куршуми. Во унгарската престолнина пристигнаа советските великани Суслов и Микојан.

Востанието ја опфати целата земја и се радикализира. Освоен Градскиот комитет на партијата во Будимпешта и многу комунистички активисти и офицери од Државна безбедност се убиени и обесени. На 27 октомври советската армија привремено отстапи. На 1 ноември Имре Наџ става крај на еднопартискиот систем, земјата прогласи неутралност и напуштање на Варшавскиот пакт.

На 4 ноември 100.000 советски војници ја нападна моќно Унгарија. Почна нерамна борба, агинаа многу граѓани. Јанош Кадар прогласи просоветска влада. Отпорот продолжува се до 10 ноември 1956 година

ОН, САД и Западот пренесуваа за востанието. “Чекај те, доаѓаме!” – Трубеа западните радија, но така и не доаѓат … Имре Наџ се криеше во амбасадата на Југославија, но е предаден и однесен од КГБ во Романија, а подоцна вратен и егзекутиран на 16 јуни 1958 година.

Кардиналот Миндсенти, ја благословил револуцијата, се спасува во Американската делегација. Над 2.600 загинати, 20.000 повредени и 350 лица егзекутирани е тажната приказна. Над 200.000 Унгарци ја напуштат земјата.

Јуни 1989 година Имре Наџ е рехабилитиран, а посмртните останки беа поставени на поклонение на Плоштадот на хероите. Стотици илјади присутни, а студентот Виктор Орбан повикува на трибина, советските сили да ја напуштат земјата. Отворена е границата со Австрија и илјадници туристи од ГДР, кои нескаа да се вратат во земјата минуваат на Запад.

Паѓа првата тула од Берлинскиот ѕид, а 23 октомври станува национален празник на Унгарците. Денес, на 60-годишнината од револуцијата булевар се прошарани со огромни фотографии на многу убиени малолетници во нерамната борба. Особено возбудлива е сликата на Ерика Селена / 1941-56 / која со шмајзер, се бореше против советските тенкови со зборовите: “Да живее унгарската слобода, да живее татковина!”.

Дојде и веста дека по барање на главниот обвинител, Врховниот суд на Унгарија симболично е поништена смртната пресуда на Имре Наџ. На 23 октомври оваа година во 15 часот, илјадници Унгарци дојдат пред парламентот за да ги слушнат зборовите на премиерот Виктор Орбан и полскиот претседател Анджеј Дуда и да им оддадат почит на загинатите херои.

Длабок поклон Унгарци!