Латас се жали: СЈО и пуштија истражители на Ивона. Мене ми се на врат девет месеци

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Во колумната “Ноќ” објавена во весникот Вечер новинарот проф.д-р Драган Павловиќ – Латас меѓу другото објавува дека Ивона и тој имале проблеми со Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

nacalnik-latas-1

-За потреби на Заев пушта наоколу гавази да ни се закануваат, и најавуваат што не чека. Штом Ивона Талевска, седната сама меѓу петнаесет соросоиди, се осмели да му објасни на еврокомесарот Хан што СЈО навистина прави во Македонија, СЈО и пушти истражители.

Јас ги имам на врат веќе девет месеци. Оние кои се на СЈО платен список како советници, дојебници, мутиводи, шепкачи… постојано преку медиумите и порталите на СЈО-СДСМ-Сорос ми најавуваат што ме чекало од Катица. Истите кои од американскиот УАСИД добија милон евра за емисија на Телма, плус милион за емисија на Алсат… плус нов европски милион од разни амбасади и фондови за медиумска логистика на СЈО и СДСМ. И пак не ги бива, и повторно нивниот авторитет и влијание се статистичка грешка.

Се води хајка и застрашување за секој кој ќе напише нешто против СЈО и СДСМ.

Не е прв пат. Тоа ни го правеа и Доста Димовска, Љубе Бошковски, Бранко Црвенковски… замислете ова да им го прави Груевски на новинарите и медиумите на СДСМ и Сорос?!-пишува тој…..!?