Почнува 15. Албански театар во Македонија

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Во Центарот за култура во Дебар вечер почнува 15. Албански театар во Македонија на кој ќе учествуваат теaтри од Македонија, Албанија и Косово.133296974-1200x545_c

Фестивалот ќе го отвори градоначалникот Ружди Љата по што ќе биде изведена комедијата „Болен за ум“ на театарот од Куманово, албанска драма, во режија на Ахмет Јакупи.

Албански театар кој традиционално се одржува во Дебар ќе трае шест дена, а љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат осум претстави, од кои една вон конкуренција.

Последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

Одржувањето на фестивалот финаниски и годинава го подржуваат Министерството за култура на Република Македонија и општина Дебар.