Ви ја претставуваме најлуксузната куќа на тркала во светот, чија цена е 378 илјади британски фунти или кон 420 илјади евра.
Предметниот трајлер со марка Morelo може да се пофали со подно греење, двојна спална, бања со тропски туш, панорамски покрив и дури и со гаража за еден автомобил.
Луксузниот кемпер располага со сателитска ТВ и добро опремена кујна. Моторот на ултрамодерната куќа на тркала пак може да се споредува со оној на Lamborghini Aventador.
Morelo The Empire Liner ќе биде прикажан на Британците на саемот во Motorhome & Caravan Show 2016, кое ќе се одржи во градот Бирмингем оваа недела.
Од компанијата велат дека имаат поминато речиси една година во дизајнирање и развој на новиот луксузен кемпер, кој би требало да ги импресионира сите ентузијасти кои се возбудуваат од каравани и трајлери и во исто време обрнуваат внимание на деталите.
Видете слики на кемперот во галеријата.