НАТО распоредува 4000 војници на Прибалтикот, Москва ја зајакнува балтичката флота во Калининград

од desk3
90 прегледи

НАТО се подготвува да распореди околу четири илјади војници во соседните на Руската Федерација држави во најголема акумулација на војска од крајот на Студената војна наваму, пишува весникот The Independent.

polska-nato-59581-300x162
Алијансата бара од сојузниците да се ангажираат во испраќањето на воени сили во балтичките земји и Полска од почетокот на следната година, бидејќи засега нема знаци конфликтот меѓу Западот и Москва да биде решен.
Воена сила ќе биде распоредена во Полска, Литванија, Латвија и Естонија, а таа ќе се состои од блиндирана пешадија до беспилотни летала. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг коментираше дека исполнувањето на обврската од страна на сојузниците во рамките на Организацијата ќе биде “нагледна демонстрација на нашата трансатлантска врска”.

воен брод
Русија пак ќе ја зајакне својата балтичка флота во руската енклава Калининград, со уште два мали воени брода вооружени со проектили со долг дострел, за да возврати на вознемирувачкото зајакнување на силите на НАТО во тој регион, објави рускиот весник „Известија“.

Москва официјално не ја потврди оваа информација, но веста ги засили тензиите во Балтичкиот Регион, каде ситуацијата е затегната откако Русија во 2014 година го анкетираше Крим.

Се очекува веста за зајакнувањето на балтичката флота да предизвика особена загриженост во Полска и во Литванија, кои на копно се граничат со Калининград.

Наведувајќи воен извор, „Известија“ пишува дека бродовите „Серпуков“ и „Зелен дол“ веќе влегле во Балтичкото Море и оти наскоро ќе станат дел од новоформираната дивизија.