
Технолошката компанија “Епл” откри слики на новиот дизајн на компјутер MacBook Pro. Се очекува новиот редизајн да биде претставен утре вечер на специјален настан во Калифорнија.Еден од најголемите форуми “МакРумерс” објави неколку слики, скриени во нова надградба на оперативниот систем “Сиера”, на кои се гледа сосема нов MacBook Pro со допир панел над тастатурата и читач за отпечатоци.

Највозбудливото е присуството на допир панелот над тастатурата,а може да се направи разумен избор како точно ќе работи тој. При исклучен компјутер лентата е чисто црна. При вклучен компјутер на неа се појавуваат различни функции, а тие можат да се менуваат според потребите на секој корисник.

Пред неколку дена на интернет се појавија уште неколку наводни слики на новиот MacBook Pro, на кои се гледа лента, поставена да ги покажува главните инструменти на програмата за дизајн и фотографска обработка “фотошоп”.
Во десниот крај на допирната лентата има читач на отпечатоци, сличен на оној кој беше воведен кај телефоните на “Епл”.

Најверојатно името на новата допир лента ќе биде Magic Toolbar, слично на претходните имиња измислени од страна на компанијата, како “магична тастатура” и “магичен глушец”.
Други значајни разлики со дизајнот на оригиналниот MacBook Pro нема.
Настанот на “Епл” ќе се одржи на 27 октомври, а се очекува на него да бидат претставени и нови MacBook Air, Mac Mini и Mac Pro компјутери.