Американскиот рапер Кулио, кој беше обвинет за обид да пренесе огнено оружје на аеродромот во Лос Анџелес, нема да оди во затвор, а наместо тоа ќе има општествено корисна работа. Уметникот Леон Ајви, како што е вистинското име на раперот, не го оспори обвинението за поседување на оружје.

Тој има две претходни пресуди и беше осуден на 45 часа општествено корисна работа и три години условна казна под надзор на надзорник. Раперот за новинарите изјави дека направил грешка, генерално не поддржува користењето на оружје – било тие легална сопственост или не. Кулио, кој ризикуваше до три години затвор, додаде дека бил силно загрижен при помислата за сличен излез на инцидентот.
Ако во иднина, низ овие три години на пробниот период, кај него биде пронајден и еден патрон, тој ќе биде изведен на суд. На новинарско прашање дали ќе има тешкотии да го исполни овој услов, тој рече дека не се плаши од него, бидејќи не се меша во никакви криминални активности. На 17 септември во ранецот на раперот, за време на проверка на багажот, беше најден пиштол. Тој беше уапсен, а потоа ослободен со кауција. Во 2001 година Кулио беше прогласен за виновен поради пронајден во неговиот автомобил скриен пиштол, а во 2009 има казна за поседување на кокаин. Тој достигна светска слава во 90-тите години со тројно платинест албум “Gangsta’s Paradise”. Тој е и носител “Греми” за најдобро Соло Рап исполнување.