Уапсена “девојката со зелените очи“ од позната корица на „National Geographic“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Авганистанската жена со светло зелени очи, чија слика се претвори во една од најпрепознатливите корици на списанието “Нешнл џиографик”, била уапсена во Пакистан под обвинение за поседување на фалсификувани документи. 5132006Сликата на тогаш 12-годишната Шарбат Гула, снимена од фотографот Стив Маккари во пакистански бегалски камп, е и една од најпознатите корици на списанија во историјата.

Сега сепак Гула е загрозена со до 14 години затвор и парична казна од помеѓу 3000 и 5000 долари, предупредуваат властите во Пакистан. Таа е уапсена во северозападниот град Пешавар по  две годишна истрага.

“Пакистанската Сојузна разузнавачка агенција ја уапси Авганистанка Шарбат Гула за тоа што беше обезбедена лажна лична карта”, изјави локален претставник на националната служба за регистрација.afghangirl

Гула е една од илјадниците авганистански бегалци, кои успеваат да го измамат компјутерскиот пакистански систем за регистрација и да добијат лична карта. Пакистан со години е засолниште за милиони авганистански бегалци кои ја напуштаат конфликтната страна.

Во моментов во Пакистан има 1,4 милиони регистрирани бегалци, според податоците на ОН. Се проценува дека во земјата живеат уште 1 милион нерегистрирани бегалци.

Оригиналната слика на Гула е снимена од Маккари во 1984 година. По 17 години потерница во 2002 година легендарниот фотограф успева да ја пронајде жената до оддалечено авганистанско село, каде што живее мажена за пекар, од кого има три деца.