Дивите животни во светот може да се намалат со 67% до крајот на оваа деценија, наспроти нивниот број од 1970 година.
Ова е еден од главните заклучоци на објавениот во четвртокот извештај “За жива планета” на WWF. Податоците во извештајот потврдуваат дека планетата влегува во целосно непозната фаза од историјата. Поради промените кои човекот ги предизвикува на Земјата, можно е шесто масовно изумирање на живи суштества. Истражувачите веќе го нарекуваат овој период антропоцен.
Излегува дека светските популации на риби, цицачи, птици, водоземци и влекачи веќе се намалени за 58% во периодот 1970-2012 година, кога се за последен пат собрани информации. Ова создава јасно намалување со вкупно две третини во рок од половина век (од 1970 до 2020 година).
“Во нашата ера дивите животни исчезнуваат со невидено темпо “ – вели Марко Ламбертини, генерален директор на WWF. „Не станува збор само за прекрасните видови кои сите ги сакаме. Биодиверзитетот е основа за здрави шуми, реки и океани. Со исчезнувањето на видовите и нивните екосистеми ќе исчезне чистиот воздух, водата, храната кои тие ни ја даваат “, додава тој.
Според извештајот најдрастична е стапката на загуба на слатководните видови – цели 81% од 1970 година до 2012 година. За истиот период копнените и морските видови се намалени за соодветни 38% и 36%. Просечниот пад е од 2% годишно, а кај слатководните видови – 3,6 отсто годишно.
Бројот на големите предатори во Европа исто драматично се намалува во последните два века, главно поради човечката интервенција, како лов и загуба на живеалишта. Во последните неколку децении, сепак на овој тренд се обрнува внимание благодарение најмногу на дејството на директивите за птиците и живеалиштата кои се ‘рбетот на зеленилото во Европа.