Откако беше ограбена под закана со оружје, на 3ти октомври во Париз, Ким Кардашијан се повлече од очите на јавноста. Таа излезе само неколку пати, посетувајки го концертот на нејзиниот сопруг Канје Вест и да си купи сладолед, заедно со нејзиниот најдобар пријател Џонатан Чибан.

Наводно, на риалити ѕвездата почнал да и здосадува мирниот живот, далеку од центарот на вниманиото, пренесува “People”.
Иако таа беше видена 2 вечери по ред, како ги посетува коцертите на Канје, таа не влезе преку главниот влез, избегнувајки ги фоторепортерите и фановите.

“Ким беше среќна што присуствуваше на концертот на Канје. Почнува да и станува по малку досадно. Таа сака да направи планови за повеќе излегувања, дури и некое патување. Нештата полека се враќаат во нормала, но Ким се уште преферира да не се изложува премногу” изјави нејзин близок пријател.
Во меѓувреме, нејзиното шоу “Keeping up with the Kardashians”, продолжи со снимање, по кратката пауза.
