Nation: САД ja изолираат Русија, бидејќи “онака, така треба”

од desk3
83 прегледи

Надворешната политика на САД веќе одамна не се диктира од интересите на земјата, туку од отпорни системски предрасуди, формирани од неоконсервативци, смета The Nation.Според овој систем, Русија влегува во листата на “не демократските” земји и затоа земјата треба да биде изолирана, а на Украина, која сака да излезе од руската сфера на влијание, треба да и се помогне да го направи тоа. А прашањето дали тоа всушност одговара на интересите на Вашингтон и на украинскиот народ воопшто не се крева.

20161029-dprukmfnrm

“Претседателот Обама само по неколку месеци ќе ја напушти функцијата, но веќе стана јасно дека” промените “во надворешната политика кои кандидатот за претседател Обама ги вети на гласачите, така и не се случија” – пишува The Nation. Тој вети дека ќе стави крај на војната во Ирак,ќе се стреми кон мир без нуклеарно оружје, да ги подобри односите со Русија и арапскиот свет, но ветувањата останаа неисполнети.

Се случи спротивното: интервенционистките принципи на неоконсервативците зафатија доминантна позиција во државата и се претворија во одржлив систем од предрасуди.

Според мислењето на “либералните интервенционалисти” сеопштата демократија не само што се гледа на историскиот хоризонт, но тоа може и да се достигне. Поддршката за демократските движења во секоја земја автоматски влегуваат во сферата на интересите на САД. Притоа воопшто не се јавуваат прашања всушност дали поддршката на овие движења се во интерес на САД или за населението на соодветната земја.

Така се случи со Либија и со Сирија. Уште по првите пораки дека Моамер Гадафи подготвува геноцид во Бенгази, администрацијата на Обама одлучи дека “тој мора да си оди”. како резултат во 2011 година Гадафи беше убиен, во земјата се формира вакуум во власта, исполнет од граѓанската војна и ИД.

Истото се повтори во Сирија. Протестите на дел од населението во пролетта 2011 година веројатно се резултат на некакво незадоволство од активностите на претседателот. Сепак, никој не го поставува прашањето дали промената е во интерес на САД и самите Сиријци. Функционира прилагодена теза “Башар Асад е пречка на патот кон демократија и убиец на својот народ – тој мора да си оди”.

Администрацијата на Обама не се одлучи отворено да повика кон соборување на Владимир Путин, обрнува внимание The Nation. Но најавата дека ќе се кандидира за трет мандат беше прифатена во Вашингтон како “пречка што треба да се отстрани”. Беше земен курс кон изолација на Русија, бидејќи “така треба”. На истиот принцип се случи и толерирањето на Украина, кое доведе до уништување на државата.

Примерите покажуваат дека надворешната политика на САД навистина не се диктира од интересите на САД, туку од отпорнен систем од предрасуди, смета The Nation. Не треба сепак да е така и конзервативците и либералите, кои се борат против интервенциите, треба да кажат на луѓето за состојбата на работите и да создадат алтернатива на постоечките убедувања, во чие заробеништво се наоѓа американската надворешна политика.

Сега, кога наследник на Обама најверојатно ќе стане Хилари Клинтон, ова е особено важно. Американските политичари, противници на сегашниот надворешнополитички курс, треба барем да се обидат да ги прикријат налетите за интервенции на администрацијата на Клинтон. Тоа, сепак, нема да биде лесно и сосема е можно да не успее.