Ердоган ја побара смртната казна од Парламентот

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Владата ќе побара од Парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава.ердоган

– Нашата Влада до Парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека Парламнетот ќе го одбори, а кога тој предлог ќе дојде кај мене на потпис, јас ќе го ратификувам. Тоа ќе се случи наскоро, немојте да се грижите. Ќе се случи наскоро ако даде Господ, изјави Ердоган на собир во Анкара.

Како што јавија турските медиуми за време на обраќањето на Ердоган на собирот организиран по повод денешниот Ден на републиката, присутните граѓани извикувале „сакаме смртна казна“.

Турција ја укина смртната казна во 2004 година во рамки на усогласувањето на своето законодавство со нормите на ЕУ, како дел од напорите на земјата за членство во Унијата.

По неуспешниот обид за воен удар од 15 јули годинава, Ердоган се закани со повторно воведување на смртната казна за казнување на пучистите, што наиде на осуда од страна на ЕУ