Нема да бидат два туку три опозициони блока против Груевски

од Vladimir Zorba
161 прегледи
Фемкањата  со ВМРО ДПМНЕ , разногласието во ВМРО НП, и правењето табор меѓу Љубе и Љубчо најверојатно се  причините за прекинот на преговорите со Коалицијата за промени и правда на Павле Трајанов.
дс

По вечерашните последни обиди да се договори заеднички настап на десничарските и партиите од центарот на изборите преку формирање на еден десен блок, јасно е дека ќе има уште еден четврти блок на Љубе и Љубчо.

Преговорит пропаднаа и дефинитивно причината ќе се бара во фемкањата  на Љубчо Гепргиевски  со ВМРО ДПМНЕ , разногласието во ВМРО НП, и правењето скриен табор меѓу Љубе и Љубчо најверојатно се причините за прекинот на преговорите со Коалицијата за промени и правда на Павле Трајанов.

Извори од колицијата на Трајанов велат дека  е јасно колку е битна позицијата за уште еден силен опозиционоен блок против власта на ВМРО ДПМНЕ, и за очекување беше дека нема да се дозволи и ке се работи на тоа да се ослабне, но не очекуваваме дека уште на старт ќе се удри најсилно. Првиот обид беше со писмо понуда друг  да ги направи листите од една страна, па потоа улета екстра понуда со министерски места, тендери и вработувања од друга, па правење внатре „евтин сојуз“на Љубе и Љубчо за да извлечат повеќе позиции и подобри места во техничките преговори, па земање на еден член од колицијата кај премиерот Емил Димитриев, и разни понуди за финансирања. Е така не се прави фер договор , иако ништо не е фер во политикита, но Колицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА не слулајно го стави тоа име- нам ни е доста од игранки , местенки и партиски кујни, ние сме за ПРОМЕНИ  и  за ПРАВДА , а на кого тоа не му е јасно нека си прават непринципеилни колиции и со истите рамни на нив, порачуваат од преговарачкиот тим на Колицијата за промени и правда .

Лидерот на ДС и еден од конституентите на третиот политички блок во државата- Павле Трајанов, во интервју за “Слободен печат” вели дека граѓаните бараат трет политички блок, со јасна визија за иднината на Македонија. Таква можност се отворала и има шанса да се обединат околу идејата за демократска и европска Македонија доколу опстоеле на принципиелните определби за рушење на режимот

pavle_trajanov-top_tema-540x356

 

Засега Демократскиот сојуз, Фродем, ДЕМОС и МОРО Работничка партија тежат околу  100.000 гласа  или 12-14 пратеници, вели лидерот на колицијата  Павле Трајанов

Од друга страна  од двоецот Љубе &Љубчо велат  немале намера да коалицираат со Груевски ниту да се надмудруваат за места. Ова исто било удар и диверзија на преговорите.
ljubco

Најодговорно тврдам дека досега не станало збор за коалицирање ниту со ВМРО – ДПМНЕ, или со СДСМ, тврди Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија во изјава за „Фокус“, по информациите што се појавија дека дефинитвно пропаднале преговорите на десницата и дека вината за тоа паѓа на терет на Љубчо Георгиевски и Бошкоски затоа што не дале гаранции дека нема да влезат во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

„Фокус“  ги затекнал Бошкоски и Георгиевски на заедничка средба и како што ни рекоа и двајцата се изненадени од ваквите информации, затоа што досега се разговарало само за технички прашања (поделба на места на кандидатските листи), а не и за коалицирање на десниот блок со било кого.

„Најодговорно тврдам дека досега се разговараше само за технички прашања, така што непријатно сме изненадени од информациите за какво било коалицирање. Ваквите информации можам да ги протолкувам како диверзија на преговорите“, изјави Љубчо Георгиевски за „Фокус“.

 

Од ВМРО-НП и Обединети за Македонија за А1он информираат дека не можело да се постигне договор за позициите на изборните листи и кој ќе бидат носители на изборните единици. Според изворите од партијата, преговорите повеќе нема да продолжат, а „Коалицијата за промени и правда“ во која коалицираат Демократскиот Сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија ќе  си одат сами, а ВМРО-НП, Обединети за Македонија и најверојатно Достоинство ќе настапат заедно на изборите.

-Дојдовме до сериозен проблем во преговорите уште на првата точка за препраспределба на носителите и вторите места на листите. Народна, Обединети и Достоинство покажавме комплетна кооперативност, цело време ја намалувавме стартната позиција се со цел да успеат преговорите и да се формира тој голем трет блок, но од другата страна, од Коалицијата за промени и правда немаше мрднување ниту за милиметар од нивата стартна точка. И постојано кога ќе бевме блиску до договор, тие даваа нов услов да биде прифатен. Три дена се мачевме и може да констатираме дека нема договор. Во име на ВМРО-Народна, Обединети за Македонија и мислам Достоинство можам да кажам дека овие партии сега ќе настапат заедно на изборите како десен блок, изјави Никола Тасев од ВМРО-НП за А1он.

Тие не обвинуваат дека коалицискиот блок не бил формиран наводно зошто не сме давале гаранции дека нема да има коалицирање после изборите со ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто немало на преговорите, зошто три дена не мрднавме од мртва точка за листите и за тоа не ни станало збор, рече Тасев.

Во однос на формирањето на листите од Колицијата запромени и правда рекоа дека тие прарсепределбата ја диктирале врз основа на имање-немање партиска структура, членство, најнови неутрални анкети, бројки показатели и анализи, а не врз основа на субјективни и лични претпоставки и емоции.

Експертите проценуваат сепак дека ова е погрешен чекор и  е чиста  суетност на политичкото опозиционо лидерство , кое оди на негативното конто на целиот опозиционен блок , и дека сепак се нужни обединувањата, но врз принципиелни основи и програми , наспроти расцепкувањата.

Сега е потребно не политчка суета туку мудрост и реал-политика за да и се даде завршен удар на власта и на врхушката на ВМРО ДПМНЕ, која дефинитивно е разнишана и неспорно е дека иако е во ногдаун и паника, во тоа бесознание можно е да зададе уште некој незгоден удар ,што може да предизвика непредвидлива штета за сите, така што е потребно обединуање  на истомислениците.