А што ни кажуваат кредитите за германската економија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Изминатата недела започна со бројни позитивни статистички податоци за германската економија, пишува весникот “Геополитикл фјучр”. Индексот за бизнис климата на седиште во Минхен Info Institute истакна дека оптимизмот на менаџерите во бизнисот расте, имајќи предвид дека овој индекс за октомври беше не само поголем од претходниот месец, но беше е на највисоко ниво за повеќе од две години.

5138229

Истовремено Purchasing Managers ‘Index пресметани од IKS Markit и користен од Европската централна банка за проценка на здравствената состојба на европската економија, покажува забрзано зголемување на германскиот индекс во споредба со септември. Во прилог на тоа  Институтот за економски истражувања во Келн прогнозира дека германскиот извоз за Велика Британија ќе се намали само со 6% во следната година поради  депресијата на британската фунта во однос на еврото по Brexit и дека овој пад ќе влијае незначително врз економските резултати на Германија во  2017 година. Конечно, германската развојна банка KfW го објави својот последен извештај за германската средна класа и малите и средните претпријатија (МСП).

Во него се наведува не само дека средната класа е во “одлична форма”, но дека МСП продолжуваат со силното претставување, со стабилен раст на продажбата од 3,3% и стабилност со 30 проценти капитал. Сето ова покажува дека Германија повторно се претвори во движечка сила на европската економија. Но според податоците на германската централна банка компаниите во земјата немаат апетит за инвестирање. Германските фирми надвор од финансискиот сектор  заштедиле повеќе средства отколкутие кои  инвестирале во последните 7 години, како износот е 455 милијарди евра во готово и депозити. Извештајот на KfW наведува дека повеќето компании претпочитаат да инвестираат во спот пазарот, а побарувачката за кредити за инвестирање од страна на МСП продолжува да се намалува од 2008 година, иако стапката е падната. Повеќето компании се свртуваат кон сопствени финансиски ресурси кои тие фи имаат акумулирано во текот на годините, а не кон надворешно финансирање. Во 2015 година капиталните трошоци од сопствени средства на МСП достигна 105 милијарди евра, а процентот на капиталот во финансирањето на инвестициите е во 53%, што претставува зголемување од 4 процентни поени во споредба со претходната година. Иако ова значи дека овие компании се стабилни во краток рок, тоа исто така покажува дека тие избегнуваат и се загрижени од надворешното финансирање.

Повеќето германски раководители обвинуваат за овој тренд  и слабите изгледи за економски раст, како и фактот дека затегнувањето на правилата за кредитирање по финансиската криза во 2008 година ги  принудија банките да станат построги при доделувањето на заеми, ограничувајќи го на тој начин пристапот на МСП до кредитите .

Извештаите на локалните медиуми претходно овој месец констатирале дека построгите правила наметнати на европската банкарска систем од новата регулаторна рамка на ЕУ, влијаеле негативно врз профитабилноста на банките. Во исто време, германските индустриски асоцијации исто така, објавија дека ограничениот пристап до кредитите влијае врз бизнисот на нивните членови. Сето тоа го поткопува чувството дека оптимизмот за германската економија се засилува.

МСП се ‘рбетот на германската економија, тие претставуваат 99,95% од сите германски компании и во нив работат околу 70% од вкупната работна сила. Микро претпријатијата со помалку од 10 вработени сочинуваат околу една третина од работната сила на МСП. Затоа нивната подготвеност да инвестираат е показател не само за нивото на бизнис оптимизам во Германија, но и за социјална стабилност. Повеќето од странски продажба на малите и средни претпријатија се во Европа,  пазар, кој продолжува да се намалува поради социо-економски проблеми на континентот. Странските продажба на МСП надвор од Европа продолжуваат да се намалуваат – од 17 отсто од вкупниот обем на продажба во 2013 година до 13% во 2015-та. Продажбата во Германија навистина се засили поради домашната потрошувачка и домување, кои пораснаа благодарение на намалените каматни стапки. Фактот дека, сепак, малите претпријатија продаваат акции на приватни лица и трошат своите заштеди, покажува дека тие немаат многу доверба во економска иднина на Германија.

Поплаките од банкарските регулативи се нешто нормално, но тоа не е бирократијата која го запира компаниите да инвестираат. Само МСП преферираат да користат сопствените ресурси за трошоците, бидејќи тие не се сигурни дека со идните добивки ќе можат да си ги исплатат заемите. Бизниси е навикнат на познат ризик, земајќи кредити за финансирање на проекти. Но тоа станува се поретко, бидејќи успехот на новите проекти е повеќе несигурен, особено во светлината на застојот и дури намалување на економскиот раст во Европа. Колку правилата за добивање на кредити се затегнуваат, доверба на менаџерите кон финансиските пазари опаѓа. Неподготвеноста да се ризикува расте поради стравувањата на менаџерите дека една нова криза ќе го погоди нивниот бизнис. Тие сметаат дека придобивките од правење на кредити денес, ќе бидат утре избришани од исплатата, особено ако економските перспективи за Европа продолжуваат да бидат контроверзни. Германските компании можат да се потпрат на сопствените финансиски ресурси, додека не се појават подобри инвестициски перспективи. Но тие можат да чекаат долго време. Во тоа време политичката нестабилност во Европа ќе продолжи да моделира претпазливи однесување на германските компании кон инвестирањето. Тоа од своја страна го намалува потенцијалот за раст, што пак ќе води до уште поголема политичка нестабилност на континентот. И потоа циклусот пак ќе се повтори.

——————–

Анализата на Антонио Колибасану е објавен во Global Affairs Press