(ВИДЕО) Трогателни слики по новиот земјотерс во Италија: Пожарникарите спасуваат калуѓерки од под урнатините на базиликата

од Vladimir Zorba

kalugerki

Силен земјотрес од 6,6 степени според Рихтеровата скала го потресе централниот дел на Италија утринава во близина на градот Норча, каде е урната базиликата на Свети Бенедикт, а во акцијата пожарникарите им помогнаа на калуѓерките да се сместат на побезбедно место.

Во соопштението на Заводот се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 68 километри источно од главниот град на Перуџа, на длабочина од 108 километри, изјавија официјални лица.

Земјотресот беше почувствуван во регионот на Венето и Апулија, како и во градот Неапол и во престолнината на Италија, Рим, пренесува Гардијан и на BBC.

Слични содржини