Според астролозите, месецот и денот во кој сте родени, играат значајна улога во одредувањето на вашите особини на личноста кои влијаат на целиот живот.
Луѓето имаат тенденција да се фокусираат главно на позитивните квалитети на нивниот знак и никој не сака да ги чита негативните особини на личноста.
А, сепак ние ќе се фокусираме токму врз најдосадните и иритирачки карактеристики поврзани со секој од 12-те хороскопски знаци.
Тие понекогаш ни носат голема штета во односите, без дури да помислиме за тоа.
Еве ги и нив:
Овен: Невоздржан и нестрплив
Човекот Овен е наклонет на вербално насилство и доминација над секој кој му противречи. Тој е подготвен да спори во секое време и насекаде. Не е важно дали е член од неговото семејство, со пријател, со колега или со целосно непознат. Кога се кара, претставникот на овој знак станува агресивен и не може да се контролира. Неговото однесување станува опуштено и невоздржано.
Бик: мрзливи и далеку од едноставни
Биковите се најтврдоглавите луѓе кои се супер тврдоглави и тоа е најстарата досадна карактерна црта. Покрај тоа, тие се доста мрзливи и имаат потреба од некој кој ќе ги поттурнува, за да се движат напред во животот. Ако до нив нема таков човек, тие имаат тенденција да останат на едно место и да не прават никакви напори или дури обиди. Тие очекуваат другите да се грижат за нив и да се усогласат со нив!
Близнаци: непредвидливи и ветрушки
Луѓето од овој знак постојано прават некакви планови, а потоа ги поништуваат, бидејќи се ветрушки и идеите брзо-брзо им се менуваат. Овој целосен недостаток на зрелост и самосвест, како и недостатокот на одговорност, ги тера да изгледаат како како недораснати деца, кои имаат тенденција да лажат и да си измислуваат.
Рак: Чувствителен и несигурен
Овие луѓе секогаш имаат потреба од некој кој им дава доверба за сè што ќе направат во својот живот. Ова понекогаш е доста отежнувачко за нивните блиски. Покрај тоа човекот Рак е склон кон мрачните расположенија, параноја и меланхолија. Од страна тој изгледа депримиран и замислен. Тој секогаш мисли дека некој зборува лошо за него зад неговиот грб.
Лав: Арогантен и егоцентричен
Лавовите имаат напумано его и си вообразуваат дека ги надминуваат сите други во речиси сè. Тие се мислат за неверојатни, не трпат никаква критика и често се арогантни. Освен тоа имаат потреба од постојано внимание, што е прилично досадно. Понекогаш се бесрамну и нарцистички се однесуваат и тоа кон најблиските луѓе.
Девица: Нервозен и педантен
Девиците се перфекционисти кои сакаат да ги критикуваат другите луѓе и тоа со лесна рака. Тие за секое нешто си имаат специфичен начин на водење и сметаат дека другите треба да се усогласат со него. Сето ова, во комбинација со нивната склоност да се нервозни лесно може да биде крајно досадно за околината.
Вага: колебливи и склони да се сервилни
Вагите не можат да донесуваат одлуки и во ситуации кога треба брзо да се решаваат некои работи, тие имаат тенденција да се скријат. Покрај тоа, тие секогаш гледаат да не навредат или засегнат некого и имаат тенденција да се лицемерни и да им ласкаат на другите со тривијални комплименти. Тие ретко се подготвени да ја кажат вистината во очите на човек.
Скорпија: Дволичен и манипулативен
Луѓето од овој знак може да ви изгледаат слаби, ранливи и дури безопасни на прв поглед, но не се мамете- тоа е само една фасада. Инаку Скорпиите секогаш играат по свои правила, а тие се базирани на манипулација и контрола над останатите. Покрај тоа, луѓето од овој знак се дволични.
Стрелец: површински и тврдоглав
Стрелецот може навистина да делува прилично површно во желбата да ги доживее најновите и најактуелните работи. Тој е наклонет да го задоволува секој свој каприц без да се сообрази со блиски, па не прифаќа “не” за одговор. Покрај тоа, тој е голем инает и е подготвен да се однесува грубо кога другите не се согласуваат со неговата теза.
Јарец: безгрижен и суперкритичен
Иако јарците можат да бидат срамежливи и резервирани, тие ќе ја искористат секоја можност за да ви покажат дека сте под нивното ниво. Тие се безмилосни кон другите, безгрижни се и се доста егоцентрични. Склони се да ги критикуваат луѓето дури само со поглед на незадоволство и ароганција.
Водолија: неискрени и ексцентрични
Овие луѓе имаат тенденција да се прават на она што не се, што е прилично досадна навика. Тие можат да играат животни улоги во желбата да изгледаат нестандардни, различни и ексцентрични. Ова често е заморно за нивните блиски. Покрај тоа претставникот на знак водолија е склон да наоѓа мани и понекогаш станува смешен во очите на околината.
Риби: Расеани и неточни
Рибите немаат поим за точно време и на крајот секогаш ги тераат другите да ги чекаат, што е многу непријатно. Тие секогаш изгледаат полузаспани, бидејќи се изгубени во свој свет од соништата. Понекогаш тие едноставно не сакаат да ја прифатат реалноста, кое исто така е доста негативна лична особина, карактеристична за нивниот знак.