
Американската актерка Меган Фокс конечно одлучи да го покаже својот трет син.
Ѕвездата од “Трансформери” сподели фотографија на 3-месечното бебе во социјалната мрежа “Инстаграм”.
Момченцето се вика Џерни Ривер.
Неговата појава на виделина го спаси семејството на Меган и Брајан Остин Грин, кои мислеа да се разведуваат.
Двојката има две поголеми синови. Тоа се 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Бодхи.