Мараја Кери бара 50 милиони долари отштета од поранешниот

од desk3
83 прегледи

Мараја Кери побарала милиони долари од својот поранешен вереник – бизнисменот милијардер Џејмс Паркер. Според извор на “Њујорк пост” пејачката побарала 50 милиони долари како компензација за тоа што би требало да го напушти Лос Анџелес и да заживее во Австралија заради него. Сепак според блиски на поранешната двојка Мараја нема да добие пари, наместо тоа ќе може да го задржи веначлниот прстен.

1477831179-izteglen-fayl-2

“Се разбира, Мараја сака пари, но нема да добие 50 милиони. Не се водат преговори за пари, бидејќи двајцата не зборувале од разделбата наваму”, рече тој.

Според неговите зборови, Паркер ” и дозволил да го задржи прстенот и таа нема да добие и цент повеќе”. Според претставници на пејачката Мараја и Џејмс се скарале за време на одмор во Грција и оттогаш не се виделе. Расправиите сепак немаат ништо заедничко со гласините за изневери, дополнуваат тие.

Претходно беше соопштено дека односите меѓу двајцата се затегнати поради реалити преносот на пејачката “Светот на Мараја” и неподготвеноста на Паркер да открива детали од личниот живот.