Последните неколку години се забележува растечкиот тренд на познати личности што ја нагласуваат важноста на гласањето.

Како што се приближува денот на изборите, и Бијонсе ја изрази нејзината посветеност да им каже на луѓето колку е важен нивниот глас и да ги охрабри да излезат и да гласаат. За време на нејзиниот неверојатен настап за “Tidal X” таа изјави:
“Знам дека изгледа дека нештата се лоши, но ако мислите дека не можат да бидат полоши само прашајте ги вашите баби и дедовци. Сетете се дека Барак Обама е нашиот Претседател. Вие направивте тоа да се случи, младите луѓе направија тоа да се случи”.

Таа и се обрати на публиката, додавајќи:
“Искористете го вашиот глас. Ние не сме беспомошни. Оганот се уште гори. Ве молам излезете и гласајте овој ноември. Премногу луѓе умреа и жртвуваа многу, за нашиот глас. Да ги искористиме нашите гласови да направиме нешто големо за нашите деца.”
Погледнето го нејзиниот моќен говор во видеото подолу!
https://www.youtube.com/watch?v=OCUXVAz79iY