На овие избори за претседателското гласањето, одредена група избирачи би можела да се покаже како пресудна: Американците од азиско потекло. Затоа и двајцата кандидати за претседателската функција френетично се борат за нивните гласови- пишува DW .

Во минатото, за време на предизборните кампањи, кандидатите за претседател на САД ги одминуваа избирачите со азиски корени. Оваа година, сепак како Хилари Клинтон, така и Доналд Трамп се стремат енергично да собираат поени меѓу силно зголемената група на Американците од азиско потекло: помеѓу 2000 и 2010 година нивниот број во колебливи држави како Невада и Северна Каролина, т.н.. swing-states, скокна речиси двојно. Во меѓувреме таа група избирачи е толку голема што може да се покаже како клучен фактор во претседателските избори.
“Американците од азиско потекло во една колебливи држава можат да ја свртат ситуацијата во едната или другата насока. И тоа веќе не е хипотетичка можност, туку реалност”, потврдува политикологот од калифорнискиот универзитет Таеко Ли. Тој дава пример со изборите во Вирџинија во 2014 година. Тогаш кандидатот на демократите победи на изборите со предност од околу 20 000 гласови. “И оваа предност му ја обезбедија токму избирачите со азиски корени. Ако тие не беа гласале, требаше да победи републиканскиот кандидат”, нагласува Ли.
Предноста на демократите
Изборниот штаб на Хилари Клинтон го разбрал значењето на оваа група избирачи. И иако по традиција демократите да може да сметаат на гласовите на Американците од азиско потекло, тимот на Клинтон сака да е сигурен дека и на овие избори тоа нема да се промени. Затоа презема дополнителни мерки: шири изборни плакати на јазиците урду, виетнамски, хинди и корејски. Покрај тоа, многу често соработници на Клинтон разговараат по телефон со претставниците на оваа група на различни јазици, бидејќи една третина од нив не зборуваат добро англиски.
“Целта на кампањата беше да ги обезбедиме сите информации кои сакаа да ги добијат луѓето на најразличен начин”, вели основачот и претседател на фондот “Asian-Ameriсan and Pacific Islanders Victory” Шекар Нарасимхан. Тој додава дека на тој начин се покажува големиот интерес кон оваа посебна група избирачи. Фондот на Нарасимхан го концентрира вниманието целосно на Американците со азиски корени. Фондот е всушност еден вид лобистичка група која поддржува пратеници и изборна администрација или се бори против нив. Сега Шекар Нарасимхан кој потекнува од Индија, се фокусира на овие Американски Држави во кои азијатите можат да ја свртат ситуацијата во една или друга насока. Тој е свесен дека оваа група избирачи може да донесе победата на Хилари Клинтон.
Впрочем азиската заедница го поддржа и вториот мандат на Барак Обама. Своевремено речиси две третини од гласовите на Американците со азиски корени беа дадени за сегашниот претседател. Ако се верува на последните анкети, поддршка за демократите од страна на азиската заедница ќе се задржи и во сегашните избори. Сепак Шекар Нарасимхан се соочува со тешка задача бидејќи Американците со азиски корени не се од ентузијастички гласачи. Само секој втор од претходните избори всушност се упатил кон гласачките места, за разлика од 70-те проценти бели и темно- кожи Американци. Експертите тврдат дека тоа се должи на фактот дека двете големи партии во реалноста не стават доволно напори да ги добијат гласовите на избирачите од азиско потекло. Кон тоа се додава и фактот дека многу од избирачите со азиски корени имаат чувство дека не можат да влијаат врз изборите.
Соработниците на “Asian-Ameriсan and Pacific Islanders Victory” сакаат да го променат тоа. Тие организираат бројни настани кои имаат за цел да покажат на луѓето за важноста на изборите. “Наш демократски долг е да покажеме на секој дека треба свесно да ја искористи можноста да се регистрира и да се информира за темите на овие избори. Како инаку можат да бидат мобилизирани особено младите кои не се чувствуваат поврзани со татковината”, вели Шекар Нарасимхан.
Изблик на републиканците
Републиканската партија исто френетично бара нови гласачи и се обидува да ги освои симпатиите на Американците од азиско потекло. Во септември Доналд Трамп создаде консултантска група која се ориентира токму кон овие гласачи. Во почетокот на октомври републиканскиот кандидат учествуваше и во добротворниот концерт организиран од лобито на Хиндусите во Републиканската партија. “Јас сум голем фан на Хиндусите и на Индија. И ако бидам избран за претседател, Хиндусите и индиската заедница ќе имаат голем пријател во Белата куќа”, изјави Трамп во својот говор.
И покрај овие топли зборови, шансите за победа на Трамп не се толку добри. Неговиот предизборен штаб се обидува да ја минимизира акутната реторика во однос на мигрантите. Иако неговите коментари не се насочени директно против азијатите, Трамп буди страв кај голем дел од оваа група избирачи.
“Републиканската партија секогаш се развивала како партија на негацијата. И Доналд Трамп далеку не е единствениот пример во тој поглед”, вели Шекар Нарасимхан. “Затоа прашувам: откако тие не ме сакаат, зошто треба јас да ги сакам?”