
Српскиот министерот за полиција, Небојша Стефановиќ, изјави дека ДНК анализата од оружјето пронајдено во близина на куќата на премиерот се уште не е завршена.
„Очекуваме дека анализата ќе биде завршена вечерва. Откривме дека зољата е од хрватските боиштата, а една од бомбите е од била на бојното поле во Босна во близина на Сараево„ – рече Стефановиќ и додаде дека истрагата е во тек.

Инаку, српскиот премиер Александар Вучиќ претходно изјави дека не знае ништо за оружјето пронајдено во близина на семејниот дом во Јајинци. Тој рече дека разговарал со шефот на БИА и дека од него недознал ништо ново.
Зољата означена како М-80 и рачен против тенковски ракетни фрлач од калибар 64 мм, кој е дизајниран да биде за еднократна употреба. Тоа е едно од најраширените и користени оружја од тој тип за време на војните во поранешна Југославија.
Оруќјето се произведувало во поранешна Југославија и се уште се прави во Србија и во Македонија. Боевата глава М-80 е во можност да пробие 300 мм челичен оклоп под агол од 90 степени./ визо курир.рс