Властите во Турција не запираат со апсењата

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Турските власти го уапсија и главниот уредник на опозицискиот весник “Џумхјуриет”, соопштија државните медиуми, пренесува АФП.

5139748

Локално.мк потсетува дека претходниот главниот уредник на турскиот опозициски весник Џанг Дјундар избега  откако се спречи обидот за државен удар и најави дека веќе не верува на правдата. Тој беше осуден на првата судска инстанца на пет години и 10 месеци затвор за откривање на државни тајни во врска со случај кој предизвика гнев кај претседателот Реџеп Ердоган.

Потоа тој доби дозвола да остане на слобода во очекување на одлуката на Апелациониот суд, но успеа да ја напушти Турција. Сепак, властите  ја уапсија неговата сопруга. Анкара отпушти уште 10 000 државни службеници во рамките на континуираната чистка во земјата против наводните сторители на удар од 15 јули. Досега повеќе од 35 000 луѓе беа уапсени, а илјадници други беа отпуштени или отстранети од работа. Чистка по превратот  го засегна и курдското малцинство во земјата, што претставува околу 15% од населението. Како последица на владините мерки беа затворени голем број курдски медиуми, а повеќе државни службеници беа отпуштени поради наводни врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК)