На 28 октомври 2016 година на САД и беше нанесен многу болен удар кој може да промени политичката географија во регионот. Неочекувано во реално раководен од нив напад на Мосул се замешаа пешмергите од Курдската работничка партија (ПКК) .Курдската пешмерга од ПКК го усвои општото упатство над себе од страна на командантите на шиитското движење “Хашид Шааби” и покрај “препораките” на САД и Турција продолжуваат да одат во контингенти за заземње на Мосул и се подготвени да ја затворат стапицата за терористите од ИД кои “меѓународната коалиција сака да ги префрли во Сирија”.

На Анкара сосема оправдано повеќе од сè и пречи што Курдите од ПКК се предводени од командантите на шиитските милиции “Хашид Шааби” – “Сили за народна мобилизација”. Завојуваните под знамето на шиитскиот имам Хосеини борците од единиците “Хашид Шааби” и Курдите од ПКК настапуваат кон ИД на запад од Мосул.
За единиците на “Хашид Шааби” е познато дека одиграа клучна улога во операцијата за ослободување од ИД на ирачкиот град Фалуџа во овој јуни. Иако шиитските борци да не се во составот на ирачката армија, тие претставуваат сериозна воена сила, во одреден степен контролни од Техеран.
“Силите на народната мобилизација” вклучуваат не само шиити од Ирак, обединети во блокот “Бадри”, но и над 150 илјади шиитски волонтери од други земји како Авганистан, Пакистан, Индија и други. А од јули 2016 година во “Хашид Шааби” се влеаале над 1.000 христијански волонтери од “Вавилонската бригади”, други христијански единици за самоодбрана, десетици илјади сунити-бедуините, кои застанале на страната на владата во Багдад, а исто така и единици на ирачки језиди.
Засега операцијата за ослободување на Мосул оди според планот, а ирачките сили го стегаат прстенот околу градот. Според ирачкиот генерал Абдул Уахаб ал-Саади , шиитските борци, Курдите и иранските воени советници тргнуваат од територии во северната провинција Ниневија.
Коментирајќи го движењето на турските војници во северен Ирак, генералот направил заклучок дека турските сили стојат во својата база во Ирак, и претпоставил дека едвај Турците ќе сакаат “средби” со шиитски волонтери и Курди од ПКК, што ќе биде неизбежно ако пак побараат да учествуваат во освојувањето на Мосул.
Анкара веќе изрази протест пред раководството на Иран за учество на курдските единици од ПКК во борбите за Мосул.
Турското раководство сега се стреми да спречи учеството на “Хашид Шааби”. На 29 октомври борците од единиците “Хашид Шааби” најавија дека се подготвени на помогање при ослободувањето на ирачкиот град Тал Афар – некогаш центар на ирачкиот отпор против американската окупација – контролиран од ИД. Тоа, сепак, предизвика сериозна загриженост кај Турција, бидејќи Тал-Афар се наоѓа до нејзината граница и е населен главно со туркомани. Претседателот Ердоган предупреди дека неговата земја може да даде “друг одговор”.
САД се сериозно загрижени поради искажаната цел за напади на “Хашид Шааби и курдската пешмерга од ПКК. Како што јави Associated Press, таа е да биде отсечен Мосул од сириски Ракка, бидејќи меѓу овие два града преминуваат патиштата за снабдување на ИД.
Во самиот Мосул шиитите и Курдите немаат намера да влегуваат, туку ќе продолжат да ги разделуваат терористите од граничната со Сирија територија западно од Мосул.
Ако се точни шпекулациите дека предводената од САД “меѓународна коалиција” намерно не го блокирала целосно Мосул од запад и по некоја аранжман со ИДа нејзините членови започнаа да “истекуваат” кон Сирија, тогаш замислата на командантите на “Хашид Шааби и курдските единици е крајно навремен и потребен. Во случај на успех бегството на терористите кон Сирија ќе биде пресретнато.
За Турција има уште едно крајно алармантна околност: според информации на Associated Press, воената операција на борците од “Хашид Шааби” и пешмерга на курдската ПКК “од воздух ќе биде поддржано од иранските ВВС”.
До 29 октомври во воздушни борбени дејствија над Сирија и Ирак главно оперираа сириски и ирачки ВВС, руските ВКС и авиони на САД од “меѓународната коалиција”. Отсега коалицијата на Западот ќе мора да се почитува, дека во небото над Ирак, а потоа и над Сирија, ќе почне да дејствува и борбената авијација на Иран.
Ситуацијата уште повеќе се усложнува од фактот дека Иран и Курдската регионална влада (KRG) во Ирак ги забрзаа контактите, при тоа Иран видливо го “водат” кон себе и кланот на претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани.
Според самиот Барзани во негово интервју за германскиот таблоид Bild, ирачките Курди се убедени дека Мосул ќе биде преземен најдоцна за три месеци. Со други зборови кон крајот на јануари-почетокот на февруари 2017 година се очекува Курдите во Сирија и Турција да ги зацврстуваат позициите во борбата со Анкара.
Пораките за пристапување на единиците на ПКК кон шиитите кои упаднаа во Мосул, ги уништува плановите на САД, како и на Саудиска Арабија и Катар.
Штом шиитите од Ирак и Иран се договорија со ПКК, сириските Курди и кланот на Барзани може да добијат нови сили. Целосната замена на “управителот” може да направи остар свиок во историјата . Значи драстичната антииранска реакција на Анкара е разбирлива и оправдана.