Креативни и забавни за „Ноќ на вештерките“

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Во повеќето западни земји 31-ви откомври се слави како Ноќ на вештерките, односно „Halloween“. Додека црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат резбајќи тикви и маскирајќи се.

Почетоците на одбележувањето на Ноќта на вештерките датира уште од петтиот век п.н.е., кога старите Келти ги славеле богот на Сонцето и господарот на Смртта. За нив, 1-ви ноември означувал почеток на новата година. Келтите верувале дека во текот на таа ноќ мртвите ги напуштаат своите гробови и шетаат по Земјата, а за да го избегнат соочувањето со нив, луѓето правеле голема бучава и се прекривале со застрашувачки маски. Се верувало и дека мртвите доаѓаат по храна, па пред своите куќи таа вечер оставале издлабени компири и репки.

Обичајот на длабење на тикви за Ноќта на вештерките датира од 16-иот век, а се заснова на ирската легенда за екстремно скржавиот ковач Џек кој за време на својот живот во повеќе наврати го измамил ѓаволот. Кога умрел не сакале да го примат во Рајот заради грешниот живот, а ни ѓаволот не сакал да му отвори врата од Пеколот заради претходните измами. Од ѓаволот Џек добил неколку жарчиња кои ги ставил во издлабена тиква и така, како симбол на проклета душа, продолжил да лута помеѓу световите.