Хајди Клум и Елен Деџенерис се едни од најпознатите ѕвезди кои просто го обожуваат празникот “Хелоувин“. Тие по повод „Ноќта на вештерките“ не пропуштаат да ги воодушеват и насмеат сите со изборот на костим.
Оваа година во шоуто на Елен, не само што тие се маскираа како тандем, туку и подготвија цела точка во своите улоги. Елен се маскираше како Сиа, а Хајди како нејзината верна танчарка Меди Зеглед, и двете го изведоа заедно хитот на Сиа “Шенделиер“.
Ако имавте лош ден, дефинитивно погледнете ја шарматната и насмеана Хајди како скока наоколу по сцената во видеото подолу! Ветуваме дека од срце ќе се насмеете!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=271&v=vjYhcFzVaFo