Washington Post: Антирејтингот на Хилари Клинтон го надмина оној на Трамп

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Општо земено двајцата претседателски кандидати се движат во “пакет”, борбата е за колебливи и апатични

hilari-vdhachena
За време на предизборната претседателска кампања во САД негативната оценка на кандидатот на демократите Хилари Клинтон се зголеми над аналогниот показател на републиканецот Доналд Трамп. Тоа го покажува анкетата на телевизијата АВС и на весникот Washington Post.Наводно, негативно кон кандидатурата на Клинтон се однесуваат 60% од испитаниците, а кон Трамп – 58%. Од нив 49% ја гледаат демократката “многу негативно”, а за републиканецот така се искажале 48%.

Притоа Клинтон не ја сакаат 97% од испитаниците на Трамп, а меѓу нејзините обожаватели 85% се однесуваат негативно кон милијардерот.