Министерството за култура донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на ЗАМП

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, се вели во соопштението на Министерството за култура.

ministerstvo-za-kultura

Од надзорот на Министерството над Одлуката на ЗАМП се констатираше дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

Во согласност со член 157 став 1 од Законот, доколку во спроведување на надзорот над актите на организацијата за колективно управување Министерството за култура оцени дека општ или поединечен акт не е во согласност со Законот, статутот, односно договорот за основање, со решение ќе го запре од извршување и ќе поведе постапка пред надлежниот суд за оцена на законитоста на актот, стои во соопштението.

Во оваа прилика уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права, се вели во соопштението од Министерството за култура./24Вести