Белата куќа ќе му предаде на следниот претседател неограничена онлајн власт

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Белата куќа најави дека на наследникот на Овалната соба ќе му ја  предаде онлајн власта – имено лозинки за “Твитер” и останатите профили  на социјалните мрежи, кои имаат милиони следбеници.tvit

Одржување на @POTUS (профилот на претседателот Обама на “Твитер” – бел.ав) ќе биде дадена на 45-тиот претседател на САД на 20 јануари 2017 година “, објави денеска Кори Шулман, заменик-директорот одговорен за дигиталните стратегии на Белата куќа. Администрацијата под раководство на Обама користеше исклучително и активно социјалните медиуми. Преку платформи како Snapchat и YouTube претседателот објавуваше интервјуа за приоритетите на својот кабинет, на тој начин заобиколувајќи го својот директен контакт до новинарите и избегнуваше неудобни прашања. За својот мандат Обама може да се пофали со над 300 000 @WhiteHouse твитови и илјадници часови видео материјал. Следбениците и на @WhiteHouse, и на @POTUS пак во  моментов бројат над 11 милиони. Тоа значи дека наследникот на Овалниот кабинет ќе се здобие со џиновски мегафон и речиси неограничена власт во интернет просторот. / АФП