На секои четири ипол дена е убиен по еден новинар, а во последнава деценија беа убиени 827 новинари, се наведува во Извештајот на УНЕСКО. Според АФП, земји во кои новинарите се најзагрозени се арапските – Сирија, Ирак, Јемен и Либија, а по нив следи Латинска Америка.

Според УНЕСКО во периодот од 2006 до 2015 год. најголем процент на убиства- 59 % биле во конфликтните зони, а 36.5 % од новинарите се убиени во арапските земји. Особено е загрижувачки порастот на убиства на новинари во Западна Европа и Северна Америка, каде што во 2015 год. Убиени се 11 новинари.
УНЕСКО оценува дека многу повеќе новинари се загрозени во нивните матични земји, во споредба со странските известувачи, иако во последните две години се зголемил бројот на убиени странски новинари.
Во 2015 год. се зголемил бројот на убиени новинари во он лајн медиуми, половина од убиените се познати сириски блогери.
Извештајот покажал дека меѓу загинатите новинари има 10 пати повеќе мажи, отколку жени.