Мила Кунис во отворено писмо открива за заканата на филмски продуцент и сексизмот во Холивуд

од desk2
121 прегледи

Актерката Мила Кунис изјави дека одреден филмски продуцент и се заканил дека ќе стави крај на нејзината кариера затоа што таа одбила да позира полу-гола за насловна страница на списание за мажи. Холивидската ѕвезда вели дека филмскиот продуцент, кој не го именува, и рекол: “никогаш повторно нема да работиш во овој град”, кога таа одбила да биде дел од фотосесијата за промоција на филм.

mkunis12_gl_4aug11_pa__592x888

 

Во отворено писмо, објавено на сајтот “A Plus”, Кунис рече дека таа е “бесна” и се почувствувала “објективизирана” по инцидентот и изрази загриженост за родова нееднаквост на работното место.

Таа напиша: “Во текот на мојата кариера, имало моменти кога сум била навредена,маргинализирана, помалку платена, креативно игнорирана и на друг друг начин смалена, врз основа на мојот пол. Се научив себеси, за да успеам како жена во оваа индустрија, дека треба да играм по правилата на клубот на момчињата. Но колку повеќе стареам и колку подолго работам во оваа индустрија, толку повеќе сфатив дека тоа е ср**е! И уште полошо, дека сум соучесник што овозможувам тоа да се случи.”

640_mila_kunis_0415_470003324

Обрнувајќи се кон друг инцидент, откако таа формираше продукциска компанија со три жени, во кој “влијателен машки продуцент” ја опишал како жена што “наскоро ќе биде сопруга на Ештон и мајка”, за време на дискусија за работа на одреден проект, таа додаде:

“Тој ми ја намали вредноста, на ништо друго освен на статусот на мојата врска со успешен маж и мојата способност да раѓам деца. Тоа ги игнорираше моите (и на мојот тим) значајни креативни и логистички придонеси. Ние го повлековме нашето учество во проектот. Јас завршив со компромиси. Од овој момент, па натаму, кога ќе се соочам со некој ваков коментар, суптилен или јавен, јас ќе се справам директно со тоа. Ако ова ми се случува на мене, се случува уште поагресивно на жените насекаде”.

mila-kunis-ashton-kutcher-wedding-bands-1

Кунис и Качер, кои стапија во брак во јули минатата година, го очекуваат нивното второ дете и веќе ја имаат ќеркичката Вајат Изабел.