
Наместо оставка, заменик министерот а и власта упорно се обидуваат да ја убедат јавноста дека Спасов бил жртва, а со тоа да го оправдаат неговото останување на функцијата, иако ваквите филмови не проаѓаат повеќе, информира а1он.
Последна во низата манипулации е снимката најверојатно од УБК на која се гледа дека Диме Спасов го бркаат полицијата и алфите, но во тесктовите на медиумите блиски до власта се претставува дека се тие “насилниците“ од кои му бил загрозен животот.
Оваа снимка се појавува синхронизирано со интервјуто на Диме Спасов кој кажа дека го бркале со пиштоли, односно исто како што полициските алфи и секого во државава го бркале кога не застанувал на нивно барање. Се гледа и дека алфите тропаат на возилото и бараат да излезе од него, но тој продолжува и бега.
На снимката која е сечена на одредени делови се гледа и полициско возило во моментот за кој се посочува дека “насилниците“ имале пиштоли во раката, но се гледа и дека Диме Спасов не застанува на нивното барање и продлжува да вози.
На крајот на снимката видливо е дека “насилниците“ се полициски припадници кои го вадат Спасов од возилото. Токму тоа е моментот кој го нема на снимката, а каде Диме Спасов успева да избега со трчање од ваквите “насилници“.
Премногу наивно се брани нешто што не може да се одбрани. Спасов треба да каже што барал со службено возило доцна навечер и зошто како што се гледа од снимката не застанува на барање на Алфите. Снимките и интервјуто на Спасов се појавуваат по пет дена молк, а насилниците кои Спасов ги посочи сами во полициска станица изјавија дека ништо од тоа не е востина./а1он