Лига Европа: Фенербахче го победи Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

Екипата на Фенербахче се радуваше на триумф против англискиот гигант Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот од 4.коло во фудбалската Лига Европа.гол

На средбата одиграна во Истанбул, во рамките од А групата Фенербахче го победи Манчестер Јунајтед со со 2-1.

Составот на Зенит ја оствари и четвртата победа совладувајќи го Дандлок, со што тимот од Санкт Петерсбург е обезбеди пласман во нокаутфазата напоролет.

Резултати од натпревари кои се играа во терминот од 19 часот:

А група: Зорја Луханск – Феенорд 1-1 и Фенербахче – Манчестер Јунајтед 2-1.

Б група: Локомотив Астана – Олимпијакос 1-1 и АПОЕЛ Никозија – Јанг Бојс 1-0

Ц група: Кабала – Сент Етијен 1-2 и Андерлехт – Мајнц 3-1

Д група: Зенит Ст.Петерсбург – Дандолк 2-1 и Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар 0-0.

Е група: Австрија Виена – Рома 1-4 и Астра – Викторија Плзењ 1-1.

Ф група: Сасуоло – Рапид Виена 2-0 и Атлетик Билбао – Генк 1-1.

Натпреварите од другите шест групи се играат вечерва./МИА