Висок белгиски службеник ќе плаќа секојдневна парична казна, но да не даде визи на Сиријците…

од desk3
89 прегледи

Белгискиот државен секретар за миграција Тео Франкен изјави дека е подготвен да го продаде канцеларискиот мебелот за да плаќа секојдневна парична казна, но не и да се потчини на судска наредба да издаде туристички визи на сириско семејство од Алепо, пренесоа агенциите.

0260171001461572954_573050_292x224
Франкен објави на Фејсбук слика која го покажува како работи во испразнета соба, откако мебелот му е одземени од извршител. Адвокати на сириското семејство изјавија дека тој се става над законот. Откако добил предлог за сместување во Белгија од локално семејство, Сириец отишол од Алепо во Либан и поднел барање за краткорочни визи во тамошниот белгиска конзулат. Молбата била одбиена и белгиското семејство се обратило на судот во Белгија. Судот му нареди на Франкен да издаде визи на сириското семејство, во спротивно ќе мора да плаќа секојдневна казна од 4000 евра за непослушност на судска наредба. Франкен тврди дека допуштањето на сириско семејство во Белгија преку вообичаената постапка за добивање на туристичка виза ќе предизвика порој на ваквите барања, и затоа ја обжали пресудата.