ДИК да го продолжи рокот за пријавување независни кандидати

од Vladimir Zorba
98 прегледи

РЕАКЦИЈА, рубрика Граѓански 

olivera

 ОД: Оливера Доцевска- група избирачи за ИЕ 2 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА На Република Македонија

ПРЕДМЕТ:Приговор на ваш одговор/или одлука

 

ПРИГОВОР

 

Приговараме на Ваше известување бр.17-2881/2 од 04.11.2016 година, примено на 04.11.2016 .

ДИК  Е ПОТРЕБНО ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА , НЕ одговор на барање.

 

Ако Вашиот одговор на барање се третира како одлука, тогаш овој приговор се вложува поради сторени следни повреди на изборен процес:

 

Спротивно на Уставот на Република Македонија, ни е ускратено правото на еднаквост поради непостапување по три писмени и две усмени поплаки од страна на ДИК и ОИК, неотстранување на неправилности , воедно поради не давање одговор на писмено барање во рок од 24 часа.

 

Прилог: Писмени две поплаки на маил на ДИК + 3 усмени(телефонски записи)

 

Истовремено, повреден е и Изборен законик  и со тоа пред се повреден е изборен процес кој претставува и започнува од следниот момент:

 

Чл.2 став 1, точка

 

  1. „Изборен процес“ е времето од донесувањето на актот за распишување на изборите до објавувањето на конечните резултати од одржаните избори, на ниво на општина, градот Скопје, односно изборната единица каде што се врши изборот.

 

Согласно Чл.31, став 2, т.4 д Изборен закон,пак

Државната изборна комисија ја контролира законитоста во работата на изборните органи и презема мерки кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, постапката на кандидирањето, спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и во спроведување на упатствата и препораките дадени од неа;

37) донесува упатство за решавање по приговори и жалби;

(3) Државната изборна комисија покренува иницијатива за дисциплинска постапка, поведува прекршочна постапка, или поднесува кривична пријава до надлежниот орган, при постоење на основи на сомнение дека е сторена повреда на одредбите на овој законик.

Државната изборна комисија не превзема ниту едно од одвие дејствија на три усмени и 2 писмени поплаки.

Со непревземање на дејствија и со повредите кои ги сторија службените лица , ДИК и ОИК го направија повреда по

Член 178

  • спречување на изборите и гласањето; за повреда и злоупотреба на избирачкото право; за повреда на слободата на определувањето на избирачите;

 

 

Со самиот факт на повреда на сите овие одредби ДИК и ОИК и службените лица, СТОРИЈА УСКРАТУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ НА ЕДЕН НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ НА ЛИСТА- ГРУПА ИЗБИРАЧИ.

 

Согласно со тој факт- ДИК не може да се повикува на чл.62 став 2 в.в. со чл.15 став 2 од Изборниот законик, бидејки целосно незакониот скрати рокови со несовесно постапување на НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ,

 

Па не можеме да имаме разбирање за ваков начин на постапување кој ги ускратува нашите права со цели 5 дена.

 

ПРЕДЛАГАМЕ, ВЕДНАШ ВО РОК ОД 24 ЧАСА ДА СЕ ОДЛУЧИ ПО ОВОЈ ПРИГОВОР И ДА СЕ СПРЕЧАТ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ КОИ ДИК ГИ СТОРИ, ОДНОСНО

 

ВЕДНАШ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ НА 15 ДЕНА СОГЛАСНО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како во редовна постапка, бидејки ДИК ги скрати тие денови на КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК.

 

04.11.2016 година

 

Оливера Доцевска

Група избирачи ИЕ 2