Интересни факти околу животот на големиот индијански водач Џеронимо

од desk3
749 прегледи

На 4 септември 1886 година познатиот предводник на апачите чирикауа – Џеронимо заедно со мала група од неговите следбеници се соочува со армијата на САД во Аризона. Во овој ден тој се предава.

655-402-indianci

Неговата капитулација става крај на индијанските војни (1622-1890).

Пред да го прекине индијанскиот отпор, која траеше повеќе од два века, тој поминува најголем дел од векот како водач и воен водач.

Познат е по своите жестоки партизански напади и натприродни способност да ги избегнува американските и мексиканските власти.

Еве и неколку интересни факти околу животот на еден од познатите индијански водачи – Џеронимо:

1. Спорот е од каде му доаѓа името

Мажот кој стана еден од најпознатите страшни индијански лидери, е роден во 20-тите години на XIX в. На денешната територија на Њу Мексико и Аризона, која некогаш била дом на племето Чирикауа.

Неговото раѓање име во превод значи “зевање “, но како млад го стекнува прекарот “Џеронимо”, откако се вклучува во битката на апачите против Мексиканци. Сепак, ова е само една од теориите околу неговото име.

Top-hatted Chiricahua Apache chief Geronimo (1829 - 1909), who once terrorised the settlers of Arizona and northern Mexico, driving a motor car in Oklahoma where he ended his life as a peaceful farmer.    (Photo by H H Clarke/Getty Images)
Некои историчари сметаат дека прекарот му е даден од уплашени мексикански воини кои за време на битка го повикувале католичкиот светец-Џеронимо Трети тврдат дека името е едноставно погрешно изговарање од Мексиканците на индијанското име на водачот.

2. Уште како млад Џеронимо ги губи своите жена и деца

Џеронимо наполни полнолетство во период во кој апачите чириакуа се во суров конфликт со Мексиканците.

Во 1851 година додека неколку воини заедно со младиот индијански водач се во градот Ханос, за да тргуваат, Мексиканците го напаѓаат нивното село, ги ограбуваат и убиваат многу Индијанци.

Кога Џеронимо се враќа, дознава дека мајка му, неговата сопруга и неговите три мали деца се убиени.

“Бев изгубил сè”, вели тој во својата автобиографија. Во овој ден тој се колне да се одмазди на Мексиканците. Подоцна почнува да води серија крвави борби со нив.

3. Следбениците на Џеронимо сметаат дека тој има натприродни сили

Иако поседува огромно влијание над апачите, то Geronimo никогаш не бил племенски водач.

Првично тој станува познат меѓу чирикауа со своите шамански способности и медицинско знаење.

General George Crook, third from right (1829 - 1890) holds council with Apache leader Geronimo, centre left (1829 - 1909) for a three day conference at Canyon de los Embudos, Sierra Madre. Crook tries unsuccesfully to persuade Geronimo to resign himself to life on a reservation, but the chief escapes and continues his raids.   (Photo by Camillus S Fly/Getty Images)

Постепено неговите следбеници почнуваат да му припишуваат натприродни сили како вештина да ги лекува болните, да го забавува времето, да избегнува куршуми, да предизвикува грмотевици и дури да се пренесува на далечни растојанија.

Познат случај во кој Џеронимо предвидува американски напад над индијанското населба ги поддржува верувањата во натприродни способности.

4. Речиси една четвртина од армијата на САД учествува во фаќање на Џеронимо

На 17 мај 1885 година Џеронимо и уште 135 мажи, жени и деца го напуштаат својот резерват засекогаш. Познатиот водач во тоа време е веќе над 60 години, но подготвеноста и решителноста му се посилни од било кога.
Понекогаш луѓето му поминуваат над 100 километри на ден, за да ја избегнат американската коњица, која им е зад петите . Во следните месеци бегалците напаѓаат голем број на американски и мексикански населби и убиваат многу цивили.

За малку не се предава во март 1886 година, но Џеронимо успева да избега со 40 од своите луѓе. Потоа над 5.000 американски војници и 3000 мексикански почнуваат да ги гонат.

Во текот на пет месеци успева да ја избегнува опасноста, но на 4 септември 1886 година Џеронимо се префрла во Аризона.

5. Големиот индијански водач ги поминал последните 23 години од својот живот во заробеништво

Откако се предава, Џеронимо е испратен со луѓето во воен камп во Флорида. Подоцна Индијанците се преместувани во Алабама и Оклахома, но остануваат во резервати под постојан надзор.

Native American Apache chief Geronimo (1829 - 1909).   (Photo by Hulton Archive/Getty Images)

Во годините Џеронимо го исполнува времето со одгледување на животни во резерватите и продавање на бастуни, капи и автограми на американските туристи.

Во зимата 1909 година речиси 80-годишниот Џеронимо паѓа од коњ. Тој е сам и на земја до утрото. Три дена подоцна умира од пневмонија.