Ердоган: Европа го поттикнува тероризмот

од Vladimir Zorba
157 прегледи

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Европа го поттикнува тероризмот со тоа што ја поддржува Курдската работничка партија (ПКК) и додаде дека не му е грижа доколку Европа го нарече диктатор. ердоганн

– Европа целосно го поддржува тероризмот. Дури и покрај тоа што ја прогласи ПКК за терористичка организација, тоа е јасно. Гледаме како ПКК може слободно и мирно да дејствува во Европа, рече Ердоган.

Тој нагласи дека секое оружје одземено од борците на (ПКК) дошло од Западот.

– Не ми е грижа доколку ме наречат диктатор или нешто слично. Она што ме интересира е како ме нарекува народот, изјави Ердоган во телевизиско обраќање.

– Оние кои се однесуваат како терористи, а не како пратеници ќе бидат третирани како терористи, додаде Ердоган.

Тој истакна дека правосудниот систем на Турција е независен и никој, ниту тој самиот, нема право да се меша во судските процеси.

Турција беше критикувана од Европа за апсењата во петокот на лидери на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) во рамки на истрагата за поддршка на тероризмот. Владата ја обвинува ДПН за врски со ПКК. а