Скот второ коло по ред во идеалната петорка на АБА лигата

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Џош Скот второ коло по ред си обезбеди место во идеалните пет од регионалното натпреварување.27072016094524_web_mzt-_josh-scott-colorado-01-web_thimb316_250

Американецот во неделата во победата над Олимпија имаше значаен придонес со дабл-дабл ефект од 18 поени и 11 скока од кои седум офанзивни, за 22 минути игра. Со овој учинок тој заработи 27 индексни поени.

За МВП (најкорисен играч) во осмата рунда прогласен е Џејмс Шоун од Бундуќност со 39 индексни поени.

Во ТОП 5 уште се: Анте Жижиќ (Цибона) со 32 инд. поени, Карло Жганец (Цедевита) 30 и Филип Човиќ (ФМП) 29 инд. поени