
Твитер Француското сатирично издание ја посвети денешната корица на претседателските избори во САД. На жолта позадина се гледа карикатура на актуелниот претседател на САД Барак Обама, кој трча, додека кон него летаат полициски куршуми, а натписот гласи “Обама – обичен граѓанин како сите други”.