
Кенсингтонската палата направи ретко остро соопштение против “расистичките и сексистички напади” и кои се граничат со малтретирачки интерес на медиумите кон новата девојка на принцот Хари, американската актерка Меган Маркл.
Според соопштението кралското семејство е загрижено за безбедноста на Маркл откако печатот се обидел да навлезе во домот на нејзината мајка, соопштија “Ројтерс” и медиуми.
Ова е прва официјална потврда на врската на кралското семејство со 35-годишната Американка, која веќе недела секојдневно е во таблоидите. Хари и Вилијам, чија мајка принцезата Дијана загина во несреќа додека бегаше од папараците, во принцип се воздржуваат да ги коментираат написите на своја адреса. Според Кенсингтон овојпат одредена граница е помината.

“Неговата девојка Меган Маркл беше подложена на бран од навреди и малтретирање. Некои од нив беа прилично јавни – клевети на првите страници на национални изданија, чисти сексистички и расистички напади од тролови во социјалните мрежи и коментари по форумите”, се вели во пораката.
Маркл е позната во САД со учеството во серијата Suits. Таа е 3 години поголема од принцот Хари и од мешано бело и афроамериканско потекло што провоцира приказни за уште едно “табу” кај кралското семејство.