Советот на Европа денеска на затворањето на Светскиот форум за демократијата, германската организација Високо образование за бегалците (КИРОН) и ја додели Наградата за демократска иновација, поради нејзините заложби за олеснување на пристапот на бегалците до високото образование во целиот свет, јави дописникот на МИА од Стразбур.

КИРОН е германски социјален иницијатива основана во 2015 година, кој им овозможува на бегалците да студираат без оглед на нивниот правен статус. Програмата е втемеленана на отворени и масовни онлајн курсеви организирани од страна на партнерски платформи.
Целта на КИРОН е да се промовира интеграција на бегалците во земјата домаќин и да се создаде долгорочна перспектива за нив.
За време на форумот во најтесниот круг за добитници на наградата беа избрани три организации од речиси 40 предложени. Покрај КИРОН, предложени беа и Иницијатива за граѓанско образование МаЈутх од Зимбабве и американската Демократија во пракса.
На форумот учествуваат 140 говорници од 60 земји и повеќе од 2.000 учесници од 100 земји, меѓу кои и од Македонија, кои расправаа за конкретни иницијативи како да се одговори на предизвикот „Демократијата и еднаквоста: Што може образованието?“.
Светскиот форум за демократија во 2017 година ќе се фокусира на зголемување на популизмот и притоа се очекува да се дискутира особено за улогата на политичките партии и медиумите.