“Ѕверот” е опремен специјално за да го чува животот на новиот претседател.

Чисто новата службена лимузина за новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е речиси подготвена. Таа веќе има и неофицијално име – “Ѕверот”, пишува “Дејли Меил”.
На социјалната мрежа протече слика која го покажува непробојното возило кое официјално ќе биде прикажано за прв пат на денот, кога Трамп ќе стапи на должност – во јануари 2017 година.
Автомобилот ги поминува тајни тестови кај “Џенерал Моторс”. Тој ќе биде опремен со различни системи кои ќе обезбедат безбедност за новото прво семејство на САД. Меѓу нив – прозорци отпорни на куршуми, и непробојна покриеност.
Иако деталите околу претседателската лимузина се чува во тајност, протекоа слики кои покажуваат дека таа ќе го повторува дизајнот на новите модели на “кадилак”. Веројатно таа ќе биде обоена во црна и сива боја, но ќе има и маскирна боја која ги заштитува специјалните карактеристики.
Белата куќа објави конкурс за создавање на нов автомобил, официјално наречен “претседателски државен автомобил”, познат уште и како “лимузина број 1” шифра што се користи меѓу службите за безбедност, одо 2013 година. Иако никој производител не соопштил дека се завзел со задачата, но според документи, прикажани од “Фокс њуз”, “Џенерал моторс” има заработено цели три договора. Според истите документи, компанијата има добиено 15 милиони долари за изработката на моделот.