Тајната на повеќекратниот оргазам

од desk3
153 прегледи

Сите сме слушнале за повеќекратен оргазам, но обично го прифаќаме за урбана легенда. Секс-екпертите сепак не уверуваат дека такво нешто постои. И што е уште поубаво – сите можеме да имаме таков.

0804770001412597239_0

Нема потреба да објаснуваме колку убаво нешто е оргазмот. Но освен задоволство, тој носи и голем број на бенефиции за здравјето – го зголемува имунитетот, го регулира спиењето, ги ублажува анксиозноста и депресијата и создава чувство на емоционална благосостојба. Колку повеќе задоволство добивате, толку полесно телото ги ослободува хормоните на задоволството. Во прилог на сето ова, оргазмот придонесува за психичкиот и емоционална рамнотежа.

И ако еден оргазам е здрав, замислете каква е користа од два или повеќе!

Прашањето е како да го постигнете. Многу жени не си дозволуваат да достигнат краен степен на возбуда, а тоа е клучот за многуте оргазми. Следните седум чекори ќе ви помогнат да го помножите задоволство.

Проверете ги емоциите

Испитувањето на повеќекратен оргазам е прашање на физичка техника (ќе дојдеме до тоа), но првиот чекор е во мисловниот и емоционалниот став. Да си мултиоргазмена жена е најмногу начин на размислување. Само треба да поверувате дека е можно да имате повеќе од еден оргазам. Тоа значи да се релаксирате, да престанете да се контролирате и да се нурнете во длабокото.

Забавете го

Машката издржливост е клучен фактор. Обично на мажите им одзема од 3 до 7 минути да заврши, додека на повеќето жени – од 10 до 20. Оваа разлика е проблематична. Затоа се препорачува љубовна игра, фокусирана на жената. Тоа и овозможува да се возбуди пред мажот и соодветно да достигне еден или повеќе оргазми.

Оставете го да ве задоволи

Мажот не сака ништо повеќе од тоа да види како свршувате еднаш или двапати. Повеќето мажи се великодушни во доставувањето на задоволство, но значителен дел од жените се срамат од фокусот на еротската игра да е врз сопственото задоволство . Дозволете си да се опуштите и да уживате и заборавете на грижи како “ми треба премногу време да се возбудам” и “сигурно се суши таму долу”.

Помогнете му со рацете

За повеќето жени рацете и устата на партнерот се најдобар инструмент за постигнување на врвот, па помогнете му да ги користи правилно. Покажете му како ви се допаѓа да ве допира. Многу жени сакаат комбинацијата од орален секс и неколку прсти внатре, бидејќи тоа го стимулира клиторисот истовремено однадвор и внатре во неговата основа. Покажете му како да го направи и дајте му да разбере што ви се допаѓа.

Дишете

По својот прв оргазам дајте си миг-два одмор пред да почнете да се изгради возбудата повторно. Следниот оргазам може да дојде по неколку минути. Фокусирајќи се на дишењето. Кога луѓето се сексуално возбудени, тие го задржуваат здивот или дишат плитко. Длабокото рамномерно дишење ќе ви помогне да се опуштите и ќе го зголеми задоволството.

Стимулирајте го клиторисот

Кога партнерот ќе навлезе, продолжете со клиторисна стимулација. Повеќето жени не можат да завршат само од пенетрација, но може да заврши од стимулација на клиторисот. Ова е како да стигнете до оргазам.

Останете во контакт

Длабоките вагинални оргазми се прашање на отпуштање. Чувството дека сте на еден бран со партнерот, може да помогне. Одржувајте контакт со поглед, дозволете му да разбере што се случува со вас. Ова може да те направи повеќе отворени и ранливи, но исто така е клуч за длабоко оргазмично искуство.

Штом еднаш достигнете до својот втор оргазам, вратите се отворени – можете да имате три, четири или повеќе. Нема лимит колку оргазми може да искуси една жена. Ако не се добие од првиот пат, не се грижете – продолжувајте да вежбате и да уживате со партнерот.