(ВИДЕО) Џон Леџенд со Криси и ќеркичката во најновиот спот

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Џон Леџенд денеска го промовираше видео спотот за својот најнов сингл „Love me now“.love-me-now_0

Во романтичната поп-балада тој повторно ја опејува љубовта на само нему својствен начин, но покрај со лириката, тој испраќа порака и со самото видео овој пат.

Во спотот се прикажани љубовни двојки од сите краеви на светот сакајќи да се покаже колку човекот е ист во доживувањето на ова исконско чувство. Покрај тоа, воочлива е и суптилна референца на овогодинашните напади во Орландо, насочени кон хомосексуалците. Љубов помеѓу млади и стари, мажи и жени, мажи и мажи, жени и чеда… миленичиња.

И во сета таа љубов, Џон по трет пат ја вклучува и својата сопруга, моделот Криси Тејган во својот музички спот. Но, овој пат кон нивното милување се придружува и штотуку родената нивна ќерка Луна, која слатко се смешка крај своите родители.