Гардијан: Русите тивко депортирани од Белград, Патрушев наводно се извинил

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Србија депортира група на Русие осомничени за вмешаност во обидот за државен удар во соседна Црна Гора, пишува “Гардијан”, повикувајќи се на извор близок до српската влада.

455295458582607d0a1542254870304_v4_big

Како што се наведува, ова е последниот пресврт во серијата настани со кои “очигледно беа загрозени животите на два европски премиери.”

“Гардијан”, кој укажува дека планот бил учесниците да облечат полициски униформи, да влезат во парламентот на Црна Гора во Подгорица и да го убијат премиерот Мило Ѓукановиќ, како и да формираат проруска партија.

Исто така се посочува дека група од 20 Срби и Црногорци, меѓу кои имало и луѓе кои се бореле со проруските сепаратисти во Украина, биле уапсени во Подгорица, и дека во меѓувреме во Србија неколку руски државјани биле фатени со 120.000 евра и посебни униформи за полиција.

“Гардијан”, кој, како што пренесува дневниот весник “Данас”, наведува дека уапсените Руси имале опрема за следење нае движењето на Ѓукановиќ.

Дипломатски извори за британскиот весник “Гардијан” велат дека српската влада “тивко ги депортирала Русите по интервенција на државниот секретар на Николај Патрушев на Советот за безбедност на Русија, кој на 26 октомври заминал за Белград, во очигледен обид да се спречи скандал”.

Сепак, српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ негира дека владата извршила депортација во врска со обидот за државен удар во Црна Гора.

Неименуван избор во близина на српската влада, сепак, изјавил за “Гардијан” дека Патрушев се извинил за операцијата. Сепак, еден од руските претставници за ТАСС изјавил дека Патрушев не се извинил за никого, бидејќи нема за што да се извини.

“Гардијан”, додава дека српската влада по три дена имала нов случај кога е пронајденои оружје во близина на куќата на премиерот Александар Вучиќ и на местото каде што новиот автомобил нормално требал да забави на пат кон дома.

“Гардијан” пишува дека Стефановиќ за инв изјавил дека имало “силно сомневање” дека организирана криминална група била вклучена во обид за убиството на Вучиќ и за тоа била одредена сума од 10 милиони евра.

Целиот текст можете да го прочитате тука