Жените имаат подобра меморија од мажите

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Кај речиси 75% од луѓето почнуваат да се појавуваат проблеми со меморијата со староста. Некои од причините се деменција или Алцхајмерова болест.Студија на американските научници покажува дека сепак кај жените веројатноста да се јават дегенеративни болести е неколку пати помала.5159623

Кога влегуваат во менопауза жените страдаат од моментално губење на меморијата и “маглина” на спомените. Не им е туѓа и афазијата и нарушената флуентност на изрази. Сепак жените продолжуваат да покажуваат подобра способност да чуваат спомени дури и на средна возраст или постари. Или барем така тврди објавениот во списанието “Менопаузата” научен труд кој докажува дека жените меѓу 45-55 години имаат подобра меморија.

Според истражувачите од Бостон причина за тоа е менопаузата и нивото на половите хормони кои влијаат на конкретни аспекти на меморијата. Токму невроактивните предаватели и половите хормони, вклучувајќи го и естрадиолот, се смета дека влијаат учењето и меморијата кај жените и лежат во основата на половите разлики во процесот на учење и зачувување.

Според резултатите жените ги надминуваат мажите во однос на меморијата, како и дека дамите во пременопауза и менопауза имаат подобри когнитивни функции од оние во постменопауза. И сето тоа е поврзано со нивото на естрадиол. Кога за време на менопаузата тој се намалува, тоа се рефлектира директно на хипокампот и затоа жените успеваат потешко да научат нешто за прв пат или да извлечат информации од меморијата.

Сепак тие продолжуваат да го поддржуваат и да се консолидираат ефикасно спомени. Истражувањето беше спроведено меѓу 212 мажи и жени на возраст меѓу 45-55 години. Екипата споредувајќи го извршувањето на задачите поврзани со меморијата врз основа на полови разлики, но и врз основа на различни стадиуми – пред, за време и по менопаузата.