Пред неколку дена беа објавени жешките фотографи од фотосесијата за најновата кампања на брендот “La Perla”.

Кендал Џенер, Лиу Вен и Изабели Фонтана останаа само по долна облека пред камерата. Трите убавици покажаа завидни форми во чипкани миксови од градници и гаќи.
Рекламната кампања е дел од колекцијата за пролет-лето 2017-та на луксузниот бренд за долна облека, а зад објективот стои професионалниот фотограф Стивен Клеј.

А сега, официјалната страна на италијанскиот бренд го објави и бекстејџ видеото од фотосесијата. На видеото, Џенер заведува со нејзините облини и прави селфи фотографии во огледало.