1479057846-1-1

Проруски претседателски кандидати се брзаат кон победата на изборите во Бугарија и Молдавија. Тоа  го пишува британскиот весник Guardian.

Според изданието гласањето во двете земји од поранешниот советски блок е тест за целата Европска унија. Бугарија се очекува да г избере поранешен командант на воздухопловните сили, што ќе го отвори патот на месеци политичка нестабилност, додава весникот.

Резултатот од гласањето во Молдавија пак ќе го предопредели идниот политички курс на земјата – приближување со Русија или продолжување на европската интеграција. Тие избираат меѓу прорускиот лидер на партијата на социјалистите Игор Додо и Маја Санду – кандидат на проевропските сили.

Со сличен наслов излегува и The Independent: “Пропутинови партии можат да победат на изборите во Бугарија и Молдавија”

А Reuters забележува дека Радев проповеда силни антимигрантски пораки и повикува за премостување на рамнотежа во односите меѓу ЕУ и Русија.