Од утре, 15 ноември, во сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година.
76
АМСМ соопшти дека сообраќајот на сите патишта утрово се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.