Цитат на денот: Ако дојде “Исламска држава”, заборавете за човекови права

од desk3
87 прегледи

“Овие луѓе (” Исламска држава “) Воопшто не знаат што се човекови права, верувајте ми. Нема да дозволам да ми го испоубијат народот во името на човековите права, тоа е безумие.”

zx450y250_2863589

Ова го изјави претседателот на Филипините Родриго Дутерте, коментирајќи дека ако “Исламска држава” биде истуркана од Сирија и Ирак, групата може да се утврди во неговата земја и во таков случај тој нема да ги почитува меѓународните норми за човекови права.

Според него островот Минданао, кој е дел од територијата на Филипинската република, има силно исламистичко присуство во лицето на групата “Абу Сајаф” и морала земјата да работи заедно со Индонезија и Малезија, за да не допушта џихадисти да влегуваат во неа.

57355957

Дутерте во петокот рече дека размислува да ја укине забраната за апсење и притвор без основи со цел да се избори со непочитувањето на законите во земјата. Уставот дозволува на претседателот да го стори тоа во случаи на “инвазија или немири кои ја загрозуваат јавната безбедност”.

duterte-public-hanging

Темата е деликатна за Дутерте кој понесе тешки критики од западните влади и активисти, откако ги повика Филипинците да се самопресметаат со дилерите на дрога.