Македонија е соседна и пријателска држава. Очекуваме да потпишеме договор за добрососедство и соработка со Република Македонија. Ова го изјави новоизбраниот бугарски претседател Румен Радев, пренесе репортер на БГнес. Имаме договорот со Росен Плевнелиев, поточно неговото уверување дека ќе имаме консултации по ова прашање, рече Радев како одговор на прашањето дали ќе прават заедно со актуелниот претседател евенатуален иден службен кабинет.
На прашањето дали би ги координирале напорите за иден кабинет, Радев посочи дека тоа бил духот на поканата на Плевнелиев. Тој посочи дека разговарале многу теми од оваа ситуација во земјата и главните функции на претседателот, работата на претседателската администрација, главните активности во следната година. “За мене средбата беше исклучително плодна”, рече тој.